Hüseyin Burak Demirer
25 Февруари 2019•Ажурирај: 26 Февруари 2019
АНКАРА (АА) - Алесандро дел Пјеро, поранешниот истакнат фудбалер на италијанскиот фудбалски клуб „Јувентус“, го купи фудбалскиот клуб „ЛА 10“ од американската Петта фудбалска лига (UPSL), пренесува Anadolu Agency (AA).
Дел Пјеро, преку својата интернет-страница, соопшти дека заедно со неговиот бизнис-партнер, Џефри Вејлен, го купиле клубот „ЛА 10“ од американскиот град Лос Анџелес.
Инаку, Дел Пјеро со дресот на Јувентус одигра 705 натпревари, на кои постигна 290 погодоци.
Четириесет и четиригодишниот поранешен фудбалер 91 пат го носеше дресот на италијанската репрезентација, со која во 2006 година го освои Светското првенство во ФИФА.