Hüseyin Burak Demirer
24 Февруари 2019•Ажурирај: 25 Февруари 2019
ЛОНДОН (АА) - Францускиот фудбалски стручњак Клод Пуел повеќе не е шеф на стручниот штаб на англискиот премиерлигаш Лестер Сити, јавува Anadоlu Agency (AA).
Управата на „лисиците“ го отпушти Пуел, откако клубот претрпе три последователни порази во англиската Премиер лига, вклучувајќи го и поразот од 1:4 пред домашната публика од екипата на Кристал Палас.
Поранешниот стратег на Монако, Лил, Ница и Саутхемптон, Пуел, на клупата на Лестер помина 16 месеци, а имаше договор до крајот на наредната сезона. Управата на тимот веќе трага по нов тренер.
Лестер Сити по одиграни 27 натпревари се наоѓа на 12. место на табелата од Премиер лигата со 32 бода.