Bedrudin Brlyavac
08 Април 2017•Ажурирај: 09 Април 2017
САРАЕВО (АА) - Англискиот премиерлигаш Лестер Сити го донесе 22-годишниот Џош Гордон, засилување од шестата лиги, пренесува Anadolu Agency (AA).
Британските медиуми јавија дека администрацијата на клубот доведе играч од шестата лига иако навивачите очекуваат некои големи трансфери за да може екипата на Крег Шекспир следната сезона да може рамноправно да се натпреварува со најголемите англиски клубови.
Гордон изјави дека овој трансфер е остварување на неговиот сон.
„Мило ми е што конечно станав играч на англискиот шампион Лестер", напиша Гордон на Твитер.
Гордон, кој игра на позицијата крило, во Лестер Сити пристигна како слободен играч.
Досега тој играше за Нантвич Таун и Стефорд Ренџерс за кои оваа сезона постигна 11 гола.
Во Лестер сепак, се надеваат дека ќе го добијат новиот Џерми Вардиа кој на патот на успехот тргнал од шесто одделение во англискиот фудбал.