Dejan Maksimoviç
14 Септември 2016•Ажурирај: 15 Септември 2016
ЛОНДОН (AA) – Клауидио Раниери, менаџерот на „Лестер сити“ смета дека е невозможно неговиот тим оваа сезона, по освојувањето на Премиер лигата мината година, да направи уште една сензација и со освојување на Лигата на шампионите да испише уште една бајка, јавува Anadolu Agency (AA).
„Лисиците“ своето деби во најсилното клупско натпреварување вечерва, во првото коло од групата Г, го играат кај белгискиот клуб „Бриж“.
„Мислам дека е невозможно да се освои Лигата на шампионите. Ако не играме во Лигата на Европа, сакаме да се пласираме во нокаут фазата. Има толку големи тимови во Лигата на шампионите. За да го освоиме ова натпреварување, би требало да испишеме уште една бајка, но Лестер минатата сезона покажа дека невозможното е возможно“, вели Раниери.
Освен клубот „Бриж“, во групата Г ривали на Лестер ќе бидат „Копенхаген“ и „Порто“, освојувач на Лигата на шампионите од 2004 година.
„Ако нѐ сфаќаат како лесни, тоа ќе биде наша предност. Некои би можеле да нѐ гледаат како послаб тим во однос на оној што можелре да го добијат. Тоа не би било мудро“, заклучи Раниери.
Интересно, клубот „Бриж“ го очекува својот прв натпревар во групната фаза од Лигата на шампионите по десет години. Средбата на клубовите Бриж – Лестер сити ќе се игра вечерва, на стадионот „Жан Брејдел“, со почеток во 20.45 часот.