Doga Kirmizioglu
09 Декември 2016•Ажурирај: 09 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Репрезентативецот на Турција во редовите на шпанскиот прволигаш Барселона, Арда Туран е прогласен за најдобар играч на неделата во Лигата на шампионите, јавува Anadolu Agency (AA).
Според гласањето спроведено на интернет страницата на УЕФА, Арда Туран, играчот на Барселона кој во натпреварот против германскиот претставник Борусија Менхенгладбах постигна 3 од четирите гола и една асистенција, прогласен е за најдобар фудбалер во 6. коло на Лигата на шампиони.
Арда Туран стана најдобар играч на колото во Лигата на шампиони со освоени 58 отсто од гласовите, додека зад него се Роберт Левандовски од Баерн Минхен со 17 отсто од гласовите и Андриј Јармоленко со 8 отсто од гласовите.