08 Декември 2016•Ажурирај: 09 Декември 2016
ЛОЗАНА (АА) - Париз, Лос Анџелес и Будимпешта се кандидати за домаќин на Олимписките игри во 2024 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Оваа информација денеска беше потврдена од страна на Меѓународниот олимписки комитет (МОК).
Во следната фаза, секој од градовите до трети февруари 2017 година ќе ги претстави своите планови за организација на Олимписките игри.
Во септември следната година, во Лима, главниот град на Перу, раководството на Меѓународниот олимписки комитет ќе го избере домаќинот на најголемиот спортски настан.