Şenhan Bolelli
05 Мај 2016•Ажурирај: 06 Мај 2016
МАДРИД (АА) - Селекторот на фудбалската репрезентација на Шпанија, Винсет дел Боске, во интервју за АА, изјави дека е тешко да се каже кој би можел да биде изненадување за ЕУРО 2016, но изјави дека репрезентацијата на Хрватска има многу квалитетни играчи.
Дел Боске во разговор за АА го прокоментира успехот на Лестер, кој прв пат во историјата го има трофејот на aнглиски првак и зад себе остава големи клубови како Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Челзи, Арсенал и Ливерпул.
Според неговите зборови, клубовите кои развиваат тимска игра имаат предност во однос на останатите.
„Лестер Сити и Атлетико Мадрид се добар пример за ваквите клубови. Тие се добро организирани тимови внатре, но и надвор од теренот и во момент ги користат придобивките од тоа. Атлетико Мадрид тоа го прави веќе две до три години, а сега тоа го успеа и Лестер Сити и направи револуција", изјави дел Боске.
На прашањето да го прокоментира напуштањето на Баерн од Лигатата на шампионите од Атлетико Мадрид, дел Боске изјави:
„Атлетико Мадрид веќе подолго време игра одличен фудбал. Пред две години ја освои "Ла лигата" и играше во финалето на Лигата на шампиони.Мене не ме зачуди тоа што Атлетико го исфрли Баерн. Тие имаат стил, добро се организирани и му веруваат на својот тренер, а тоа се основни фактори за функционирање на еден клуб".
Дел Боске исто така е запрашан дали тимската филозофија ќе биде пресудна на престојното Европско првентсво во Франција, на што изјави дека вооопшто не се сомнева.
„Европските првенства се преполни со такви примери. Тоа можеме да го видиме во минатото. Тешко е да се каже кој би можел да биде најголем фаворит на еден краток турнир како што е Европското првенство. Не знам кој би можел да биде изненадување на овој шампионат, но Хрватска има многу квалитетни играчи", изјави тренерот на „црвената фурија" и додаде:
„Португалија до сега го нема освоено ЕУРО, но има играчи како што се Кристијано Роналдо. Белгија има одлична екипа. Чешка и Турција исто така се помеѓу екипите кои можат да изненадат".
Шпанија на Европското првенство во Франција ќе игра во групата Д со Хрватска, Чешка и Турција.
Дел Боске во својата тренерска кариера го водеше шпанскиот Реал Мадрид и турскиот Бешикташ, а од 2008 година е на чело на селекцијата на Шпанија.