Doga Kirmizioglu
08 Април 2017•Ажурирај: 09 Април 2017
АНКАРА (АА) – На светското првенство во Формула 1 – 2017, во вторите трки од сезоната на Кинеското Гранд При, големито Британски пилот на мерцедес, Луис Хамилтон, ќе ја започне трката во прв ред, јавува Anadolu Agency (AA).
Завршија квалификациите за утрешната трка, која ќе се одржи на на 5 илјади и 451 метарска меѓународна Шангајска писта во 56 тури, во градот Шангај.
Големиот Британски пилот на мерцедес, кој во последните 3 години има два шампионати, во квалификациите за Кинеското Гранд При за време од 1 час 31 минута и 678 секунди по Австралија повторно ја доби пол – позицијата за оваа трка.
Првенецот во првата трка од сезоната, германскиот пилот на тимот на Ферари, кој 4 пати беше шампион, Себастиан Фетел, ги помина кавалификациите за 1 час 31 минута и 864 секунди, со што е на второ место по Хамилтон.
Финецот Валтери Ботас, кој е нов во тимот на Хамилтон, ја заврши квалификацијата за време од 1 час 31 минута и 865 секунди и трката во Кина ќе ја започне од третата позиција. Финскиот пилот на Ферари пак, Кими Раиконен ја заврши оваа квалификација за време од 1 час 31 минути и 140 секунди, а трката ќе ја започне од четвртата позиција.
Квалификациите за утршната трка на Кинеското Гранд при за првите десет позиции изгледа вака:
1. Луис Хамилтон (Мерцедес) 1.31.678
2. Себастиан Фетел (Ферари) 1.31.864
3. Валтери Ботас (Мерцедес) 1.31.865
4. Кими Раиконен (Ферари) 1.32.140
5. Даниел Рикардо (Ред Бул Рејсинг) 1.33.033
6. Флипе Маса (Вилиамс) 1.33.507
7. Нико Хулкенберг (Рено) 1.33.580
8. Серџио Перез (Форс Индиа Мерцедес) 1.33.706
9. Данил Квјат (Торо Росо) 1.33.719
10. Ланс Строл (Вилиамс Мерцедес) 1.34.220