Ekipa
03 Септември 2017•Ажурирај: 04 Септември 2017
МОНЦА (АА) - Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, е победник во трката за Големата награда на Италија на патеката во Монца, пренесува Anadolu Agency (AA).
Британецот ја започна трката од пол-позицијата и до крајот ја задржа предноста стигнувајќи до 59. победа во својата кариера.
Втор низ целта мина неговиот тимски колега Валтери Ботас, додека трет беше возачот на Ферари, Себастијан Фетел.
Даниел Рикардо (Ред Бул) стигна до целта четврти, пред Кими Раиконен од Ферари, кој ја заврши трката на петтото место.
Хамилтон со новата победа го презеде водството, и сега има три бода предност (238-235) над германскиот возач Себастијан Фетел.
Возачот на Мерцедес вчера ја зазеде пол-позицијата, 69. во кариерата, со којашто го собори рекордот на легендарниот германски возач Михаел Шумахер.
Следната трка на програмата е на 17 септември, во Марина Беј, Сингапур.