Doga Kirmizioglu
07 Април 2017•Ажурирај: 08 Април 2017
АНКАРА (АА) – Големата награда „Малезија Гран при“, која е дел од етапите на Формула 1, по трките што годинава ќе се одржат за последен пат, ќе биде отстранета од календарот, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението објавено на интернет-страницата на Формула 1 се потврдува дека Меѓународната писта „Сепанг“ во Малезија, која е дел од етапите на организацијата уште од 1999 година, од следната сезона нема да биде на календарот.
Одлуката е донесена од страна на малезиските власти и од следната сезона, со додавање на пистите од Франција и од Германија во календарот, организацијата од 20 етапи ќе се зголеми на 21.
Шон Брачес, кој е еден од раководителите на Формула 1, ја оцени состојбата во врска со оваа тема, при што истакна: „Секогаш е тешко збогувањето со член на семејството Формула 1. Малезија, која приближно 20 години е меѓу нас, со својата страсна публика докажа дека е дел од овој спорт. Како што претходно изјавивме, имаме големи планови, Формула 1 да допре до повеќе луѓе на глобално ниво. Оваа одлука е донесена токму во тој контекст“.