Ekipa
25 Октомври 2016•Ажурирај: 25 Октомври 2016
КУАЛА ЛУМПУР (АА) - Официјални лица на Малезија објавија дека најмалку шест лица загинале, а 11 се повредени во пожар во државната болница во Малезија, јавува Anadolu Agency (AA).
Стотици луѓе се евакуирани од болницата во јужната држава Џохор, откако утринава пожарот се разгорел на вториот кат за интензивна нега.
Субраманиам Сатхасивам, малезискиот министер за здравство изјави дека починале шест пациенти, кои останале заробени во зградата. Еден пациент е спасен, но претрпел изгореници, а повредени се десет вработени, додаде министерот.
Сулејман Салех, официјалeн претставник на полицијата во Џохор, изјави дека од болницата се извлечени тела на четири жени и двајца мажи. Тој истакна дека досегашната истрага покажала оти пожарот веројатно избил поради неисправни инсталации.