Fuat Kabakçı
25 Октомври 2016•Ажурирај: 25 Октомври 2016
ПЕКИНГ (АА) - Бројот на загинати во експлозијата што вчера се случи во кинеската покраина Шанкси, се зголеми на 14 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста на информативната агенција Синхуа, бројот на загинатите се зголеми на 14 лица откако се случила експлозија во една монтажна куќа во градот Шинмин од областа Фугу.
По експлозијата, 41 лице по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување, додека 106 лица се задржани на болничко лекување.
Одговорните сметаат дека причина за експлозијата е нелегален, скриен експлозив, но засега сѐ уште не е објавена вистинската причина.
Од друга страна, денеска заврши акцијата за спасување на настраданите. Во текот на истрагата за пронаоѓање на причините за експлозијата, притворен е сопственикот на монтажните куќи.
Експлозијата што се случи вчера уништи голем број монтажни куќи и предизвика штета на болницата и на куќите во близина.