Mustafa Keleş
25 Октомври 2016•Ажурирај: 25 Октомври 2016
ЊУЈОРК (AA) - Обединетите нации (ОН) во понеделник соопштија дека од почетокот на акцијата за ослободување на Мосул од терористичката организација ДЕАШ, домот го напуштиле повеќе од 7.000 луѓе, јавува Anadolu Agency (AA).
Од кабинетот на ОН за координација на хуманитарните работи соопштено е дека неколку илјади луѓе го напуштиле својот дом, а поради судирите кои и понатаму траат овој број би можел да биде зголемен. Повеќето бегалци се сместени во куќите на другите членови на семејствата, а се надеваат на враќање во своите домови штом ситуацијата биде сигурна.
Во претходното соопштение на ОН се наведува дека во текот на неколку недели без кров над глава би можеле да останат околу 200.000 жители на Мосул.
Премиерот на Ирак Хаидар Ал-Абади на 17 октомври соопшти дека е започната акцијата за ослободување на Мосул.