Kristina Maslareviç
25 Октомври 2016•Ажурирај: 25 Октомври 2016
БЕЛГРАД (AA) - По седницата на Бирото за координација на работата на безбедносните служби, премиерот на Србија, Александар Вучиќ, зборувајќи за работата на странските разузнавачки служби на територијата на Република Србија, рече дека додека ќе биде на чело на Владата која ја предводи таа влада ќе води политика на независна и суверена држава, јавува Anadolu Agency (АА).
„Нашите надлежни органи востановија зголемено дејство и со значително поголем број на припадници на различни разузнавачки агенции на територијата на Србија и од Западот и од Истокот и нашите надлежни органи во склад со законот, успешно евидентираа низа разузнавачки активности, вперени против интересите на Србија, како што евидентирале и извршители и прекршители на тие дела", рече премиерот на Србија Александар Вучиќ.
Тој додаде дека надлежните органи во Србија во наредниот период ќе ги процесуираат сите идентификувани прекршители.
Зборувајќи за апсењето на 20 државјани на Србија во Црна Гора на ден кога таму се одржувале парламентарни избори, Вучиќ рече дека веќе четири дена истражувале и дека надлежните органи во Србија дошле до „неспорни докази и материјални докази дека, меѓу другото и на територијата на Србија подготвувале различни нелегални активности за територијата на Црна Гора".
Истакна дека државата Србија нема никаква врска со тие акции, а дека некои од тие лица се приведени во Белград и дека се наоѓаат под контрола на полицијата.
„Работеле заедно со луѓето, за кои можам да кажам дека постојат странски елементи и она што можам да кажам, дојдовме до неспорни докази дека одредени лица, ја следеле патеката на движење на претседателот на Владата на Црна Гора на дневно ниво во секоја секунда и известувале други лица кои според тие инструкции требале да постапат. Со овие факти ние го запознавме и специјалниот државен обвинител во Црна Гора, ги запознавме и неговите безбедносни структури", рече Вучиќ
Како што додаде, лицата кои се уапсени во Црна Гора за најтешките дела не биле организирани, а каква е нивната улога останува на Црна Гора тоа да го открие како и дека сеуште се на слобода оние кои го следеле Мило Ѓукановиќ, за што се известени надлежните органи во Црна Гора.
„Успеавме да отвориме одредени работи за кои за кои знаеме дека во Црна Гора не успеаа да отворат. Можевме да молчиме и да играме политичка игра која на нас ни донесува политички поени или да ја кажеме вистината. Ги имаме апсолутно сите материјални докази за нашите тврдења. Успеавме нешто сосема друго, а тоа се испостави дека е поврзано. Она што е добра вест во сето тоа е што не успеавме да пронајдеме политичари ниту од Црна Гора, ниту од Србија, и тоа е добра вест", рече Вучиќ.
Додаде дека станува збор за криминални организации во кои има елементи од странска природа и дека во овие активности биле вклучени повеќе групи, од кои за најважната сеуште не се знае и заклучи дека постапката ја води Црна Гора.