Mehmet Hatipoğlu
25 Октомври 2016•Ажурирај: 25 Октомври 2016
КОМОТИНИ (АА) – Бегалците, кои престојуваат во кампот Мориа на грчкиот остров Лезбос, ја запалиле канцеларијата за миграции, јавува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации, стотици бегалци, од кои повеќето Палестинци, поради доцнењето на процесот околу барање на азил, во кампот, во знак на протест ги напуштиле, а потоа ги запалиле монтажните куќи на канцеларијата за азил.
Додека противпожарните екипи го гаснеле пожарот, голем број на полициски органи влегле во кампот, при што протестот бил спречен.
Официјални лица од Организацијата за миграции изјавија дека за време на настанот биле запалени 8 монтажни канцеларии, од кои 4 целосно изгореле. Вработените претходно ги напуштиле канцелариите и се наоѓаат во добра здравствена состојба. Поради овој настан, во кампот е прекинат процесот за барање азил.
Според грчките официјални податоци, вкупниот број на бегалци на островите на северот од Егејското Море кои го исчекуваат решението за своето барање за азил изнесува 11.559, од кои 5.322 на Лезбос, 4.214 на Хиос и 2.023 бегалци на Самос.
Бегалците кои се држат затворени во камповите на грчките острови го изразуваат своето незадоволство поради долготрајниот повеќемесечен процес околу барањето азил.