Vesna Besiç
31 Мај 2016•Ажурирај: 01 Јуни 2016
ПУТРАЏАЈА (АА) - Украсени бродови парадираа пред големиот број љубопитни посетители во склоп на Фестивалот „Ројал Флориа” кој се одржува во Путраџаја во Малезија, пишува Anadolu Agency (AA).
Фестивалот годинава се одржува по деветти пат од 27-ми мај до 4-ти јуни под името “Magical World of Floria”.
Бродови со различни украси и светилки го привлекоа вниманието на голем број домашни и странски туристи кои овие сцени ги искористија за фотографирање.
Во Малезија во текот на годината се одгледуваат различни видови на цвеќе, а по тој повод се одржува и фестивал посветен на цвеќињата.
Во рамките на фестивалот се одржуваат различни настани, како што се парада на украсени бродови, но и парада на животни кои се украсени со цвеќиња. Ова е повод одгледувачите на цвеќе да покажат што се имаат во нивните градини.