Recep Şakar
28 Мај 2016•Ажурирај: 29 Мај 2016
СИДНЕЈ (АА) - Во Австралискиот град Сиднеј синоќа започна фестивалот на светла, музика и идеи "Vivid Sydney, јавува Anadolu Agency (AA).
Фестивалот се одржува осми пат и претставува најголема манифестација од тој тип во земјата.
Значајните историски и туристички места, како и улиците на градот осветлени се во духот на фестивалот. Посетителите можат да уживаат во музиката и иновициите од креативната индустрија.
На зградата на Сиднејска опера, која е еден од симболите на градот, проектирани се 3D слики попратени со звучни ефекти. Повеќе од десет илјади лица за време на целата ноќ беа пропратени со игра на светла и музика.
Фестивалот ќе трае до 18-ти јуни, а се очекува да биде посетен од повеќе од 1,7 милиони луѓе.
Овој фестивал за прв пат е организиран во 2009 година.