Aleksandar Savanovic
08 Јули 2016•Ажурирај: 09 Јули 2016
НОВИ САД (AA) - Со настапот на Ели Гулдинг, една од светските најпопуларни поп пеачки, нешто после полноќ, со повеќечасовен огномет започна 16-ти по ред „Exit festival" кој се одржува на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, јавува Anadolu Agency (AA).
Со гости од преку 60 земји, на 20 фестивалски бини до 10 јули ќе настапат повеќе од 500 изведувачи од различни музички жанрови, потоа од 14 до 16 јули, фестивалот го продолжува својот живот, но во морско издание на плажата Јаз во Будва каде се одржува „Sea Dance Festival“.
Вратите се отворени од 19 чсот а најголемиот број посетители тргнаа на тврдината по заоѓањето на сонцето, бидејќи програмата траеше до раните утрински часови, а најголемиот број посетители траеше до раните утрински часови, за што е потребна кондиција без оглед дали сте во втората, третата, четвртата или петтата деценија.
Најголема посета имаше на Main stage каде настапи Ели Гулдинг, а пред неа за љубителите на рок музиката свиреше бендот „Basille". Што се однесува до концертот и настапот на музичарите од Србија и од „ex-Yu" просторот, синоќешната фестивалска вечер ја обележа настапот на Дамир Урбан на Fusion бината. Најголемата и најдолгата забава траеше во Денс арената која странците највеќе ја посетуваат, каде со електронска музика играа до излегувањето на сонцето кое го најави вториот фестивалски ден.
Денес на главната бина, помеѓу останатите најавени, ќе настапи познатиот ди-џеј Давид Гета, авторот на химната на актуелното Европско првенство во фудбал кое се одржува во Франција, како и „кралот на фанкот" Џорџ Клинтон.