Admir Fazlagic
08 Јули 2016•Ажурирај: 10 Јули 2016
СКОПЈЕ (АА) - Во изложбениот салон на Националната галерија на Македонија (Даут пашин амам) во Старата скопска чаршија вечерва е отворена изложбата на модни креации на студентите на Интернационалниот институт за мода „Изет Цури" насловена „Моделизам“, јавува Anadolu Agency (AA).
Модниот стилист Изет Цури, кој инаку е основач на Интернационалниот институт за мода кој го носи неговото име рече дека изложбата се состои од различни модни креации на студенти од прва година на овој моден иститут. Тој наведе дека се работи за млади луѓе кои пред една година не се бавеле прфесионално со модно креирање а денеска се презентираат нивните модни дела што го смета за нивен напредок во совладувањето на вештините на модното креирање.
„Ние ова секоја година ќе го правиме, студените имаат задачи кои се стриктно школски, а два месеци пред крајот на школската година прават креации какви што сакаат, по нивен избор, кои денеска ги прикажуваме на оваа изложба, додека за постарите студенти правиме ревија", изјави Цури. Додаде и дека не го крие своето задоволство од прикажаните резултати на учениците.
„Многу сум задоволен од она што го прикажаа учениците, затоа што има многу таленти, се гордеам со нив, еден ден ќе се гордеат многу родители и ќе се гордее цела Македонија", истакна модниот стилист Цури.
%2F20160708_2_17916982_12049163.jpg)
На вечерашното отворање на изложбата присуствуваа градоначалникот на општина Чаир Изет Меџити, претставици од Францускиот институт во Скопје, модни дизајнери, стилисти, како и голем број љубители на модата.
Модните креации на студентите на Интернационалниот институт за мода ќе бидат изложени во наредните десет дена каде што сите заинтересирани ќе можат да ги видат.
Овој проект на Интернационалниот институт за мода е поддржан од Амбасадата на Франција во Република Македонија, Францускиот институт и Општина Чаир.