Bilgin S. Şaşmaz
10 Јуни 2017•Ажурирај: 11 Јуни 2017
ЧИКАГО (AA) – Интерактивната изложба во музејот Фиелд во американскиот град Чикаго, чија тема е филмот „Jurassic World” од крајот на мај е отворена за посети, јавува Anadolu Agency (AA).
„Островот на диносаурсите” зазема простор од 1.5000 метри квадратни и на посетителите им нуди незаборавно искуство.
Изложбата е подготвена во склад со главната тема на филмот, започнува со патување на островот на диносаурсите. Посетителите на островот поминуваат низ вратата на кои е напишано „Jurassic World” и со тоа влегуваат во потполно поинаков свет.
Авантурата започнува во лабораториите во кои генетички се развиваат диносаурси, а пота посетителите одблиску се запознаваат со видовите диносаурси, чии примероци изгледаат живи.
За време на посетата на изложбените салони кои меѓусебно се поврзани, посетителите, во склад со сценариото, се сведоци на нападите на дивовските диносаури.
Овој спој на забавата, возбудата и страв кој ќе биде отворен до 7. јануари 2018. година, дневно ќе го посетуват илјадници луѓе, поголемиот број од нив деца.