Muhammed Bilal Kenasari
09 Јуни 2017•Ажурирај: 10 Јуни 2017
ВАШИНГТОН (AA) - Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон ги повика Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати (УАЕ), Бахреин и Египет да ја ублажат блокадата која му ја наметнале на Катар, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ја повикувам Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати (УАЕ), Бахреин и Египет да ја ублажат блокадата наметната кон Катар", рече Тилерсон во краткото соопштение до новинарите во Стејт Департментот.
Истакна дека наметнатата блокада предизвикува сериозни хуманитарни последици за жителите на Катар.
„Постојат хуманитарни последици од оваа блокада. Гледаме дека исто така се погодени со недостаток од храна. Веруваме дека тоа предизвикува и несакани последици, посебно во текот на месец Рамазан. Тоа мора ра се реши што поскоро", рече Тилерсон.
На крајот напомена дека оваа блокада ги загрозува и американските економски интереси.
„Блокадата ги загрозува американските и глобалните економски активности во тој регион, а предизвика и потешкотии за граѓаните на Катар и луѓето кои завизат од трговијата со Катар. Блокадата ги спречува и американските воени акции во тој регион како и операцијата против ДЕАШ", рече Тилерсон.
Додаде дека САД ќе поддржи посредување со Кувајт, напоменувајќи дека би можеле да бидат преземени потребните чекори кон постигнување решение.
„Повикуваме на воспоставување на паметен дијалог. Очекувањата на страните кон јакнење на односите се јасни. Не сакаме повеќе напнатост во регионот", рече Тилерсон.
Меѓутоа, истакна дека Катар треба да ги преземе потребните мерки во врска со загриженоста на соседните земји за финансирање на терористичките организации.
Потсетуваме, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Египет, Бахреин и Јемен соопштија во понеделник дека ги прекинуваат сите дипломатски врски со Катар, кој го обвинуваат за дестабилизација на регионот.