Ekip
10 Јуни 2017•Ажурирај: 11 Јуни 2017
ТЕХЕРАН (АА) - Иранските државни медиуми наведуваат дека полицијата уапсила седум осомничени лица кои се товарат дека пружале поддршка на ДЕАШ во извршувањето на двата напади во Техеран, во кои се убиени 17 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
„ Овие агенти кои поддржувале две терористички групи, и биле во потполна координација со нив, се уапсени и предадени на правосудството и безбедносните органи во Техеран”,изјави Ахмад Фазелијан, шефот на правосудството во покраината Алборз, која се наоѓа западно од главниот град на Иран.
ДЕАШ презеде одгворност за двојниот напад во средата, врз иранскиот парламент и пред турбето на ајатолахот Хомеини.
Во четврток иранските власти соопштија дека напаѓачите се државјани на Иран и дека се уапсени шест осомничени, меѓу кои и една жена.
Во двата напади се повредени повеќе од 40 лица.