Hakan Çopur
10 Јуни 2017•Ажурирај: 11 Јуни 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп во телефонски разговор со британската премиерка Тереза Меј и пружи „ топла поддршка” во врска со резултатите од изборите, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Белата куќа за разговорт Трамп-Меј се наведува дека американскиот претседател и се јавил на премиерката на Обединетото Кралство за да и пружи поддршка.
„ Претседателот укажа на посебните односи помеѓу САД и Обединетото Кралство и истакна дека би сакал да работи со премиерката и во иднина”, се наведува во соопштението.
Според првите резултати од предвремените општи избори одржани во Обединетото Кралство во четврток, ниедна партија нема да биде во можност самостално да формира Влада. Најмногу гласови доби Конзервативната партија на чие чело се наоѓа Тереза Меј.