Hakan Çopur
18 Јуни 2018•Ажурирај: 18 Јуни 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Коалицијата за борба против терористичката организација ДЕАШ под водство на Соединетите Американски Држави (САД) призна дека француските специјални сили во подрачјето на Дашиша во Сирија се во соработка со Сириските демократски сили (SDG) кои го сочинуваат главниот столб на терористичката организација ПКК/ЈПГ, пренесува Anadolu Agency (AA).
На официјалниот твитер-профил на Коалицијата за борба против ДЕАШ е објавена фотографија од моментот кога француските војници вршат напад со хаубици против ДЕАШ во Сирија.
Под фотографијата е напишано дека се извршува втората фаза на операцијата против ДЕАШ која започна на 3 јуни во некои подрачја на границата меѓу Сирија и Ирак, и дека во операцијата поддржана од француските војници се погодени одредени цели на ДЕАШ во подрачјето на Дашиша и околината.
На овој начин Коалицијата призна дека француските специјални сили се борат во исти редови со Сириските демократски сили (SDG), кои се главниот столб на ПКК/ЈПГ во Сирија.
Од друга страна, Брет Мекгурк, специјалниот претставник на претседателот на САД, Доналд Трамп, за борба против ДЕАШ, преку Твитер соопшти дека Дашиша за прв пат излезе надвор од контролата на ДЕАШ.
Мекгурк нагласи дека за прв пат е дојдено до оваа точка во последните четири години, и рече дека овој напредок го постигнале Сириските демократски сили кои се главниот столб на елементите на терористичката организација ПКК/ЈПГ.
АА, во вест објавена на 30 март, соопшти дека над 70 припадници на француските специјални сили се борат во исти редови со елементите на ПКК/ЈПГ во Сирија под плаштот на Коалицијата за борба против ДЕАШ.