Associated Press
17 Јуни 2018•Ажурирај: 18 Јуни 2018
ТРЕНТОН (АА) - Во пукотница која се случи синоќа на културна манифестација во сојузната американска држава Њу Џерси, најмалку едно лице загина, а повеќемина се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Инцидентот се случил во 03:00 часот по полноќ во центарот на Трентон, во кој се одржувала манифестација која ја промовира локалната уметност, музиката и храната.
Полицискиот официјален претставник Дарен Запли соопшти дека повеќе ранети лица биле згрижени во болница.
„Ситуацијата е хаотична“, коментираше Запли.
Се очекува истрага и објавување на повеќе детали за инцидентот.