Associated Press
17 Јуни 2018•Ажурирај: 18 Јуни 2018
КАБУЛ (АА) - Во самоубиствен бомбашки напад што се случи денеска во градот Џалалабад во источен Авганистан, убиени се најмалку 10 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Канцеларијата на гувернерот на провинцијата Нангархар, Атаулах Когјани, соопшти дека нападот се случил недалеку од владиниот комплекс во центарот на градот.
И вчера Џалалабад беше боиште на сличен напад во кој животот го загубија најмалку 36 лица.
Засега никој не ја презема одговорноста за нападите што се случија за време на празникот Рамазан Бајрам.
Со оглед на договореното примирје меѓу Војската на Авганистан и талибанските милитанти за време на празникот Бајрам, се претпоставува дека зад нападот стои терористичката организација ДЕАШ.
Авганистан повеќе години се наоѓа во длабока политичка криза која се отсликува со постојана борба на Војската против екстремистите на милитанското талибанско дижење и терористичката организација ДЕАШ. ДЕАШ, по фијаското во Ирак и Сирија, ги интензивираше активностите во Авганистан.