Ali Cevad,Zeynep Hilal Karyağdı
31 Август 2016•Ажурирај: 01 Септември 2016
БАГДАД (АА) - Најмалку четири лица загинаа, а 12 се повредени во бомбашки напади извршени во ирачкиот главен град Багдад, јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓу четирите лица што загинаа се наоѓа и бомбашот-самоубиец.
Командантот на ирачката армија, Џасим Мухамед за АА изјави дека безбедносните сили во подрачјето Ел-Беја забележале бомбаш-самоубиец како се движи кон место на коешто имало насобрани луѓе. На себе имал појас со бомби.
Безбедносните сили реагирале и отвориле оган, по што дошло до експлозија на бомбите што ги имал на себе.
Загинаа две лица и бомбашот-самоубиец, а повредени се осуммина. Уште едно лице загина во експлозија во минибус во подрачјето Ес-Садр. Повредени се четворица.
Сè уште никој не ја презеде одговорноста за овие напади. Багдад во последно време честопати е средиште на бомбашки напади. Се тврди дека зад нападот се крие терористичката организација ДАЕШ