Ahmed Ghanem Selouma,Afra Aksoy
31 Август 2016•Ажурирај: 31 Август 2016
АЛЕПО (АА) - Мухамед ал-Аднани, еден од водечките луѓе на ДАЕШ и портпарол на терористичката организација, убиен е вчера во сирискиот град Алепо, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на ДАЕШ е убиен во судирите кои се одвиваа во близина на Алепо.
Ал-Аднани, за чија смрт засега нема многу детали, во јавноста е познат како „гласот на ДАЕШ”.
Инаку, тој е Сиријец од Идлиб кој ѝ се приклучи на Ал Каеда пред повеќе од десет години, а потоа на ДАЕШ.
Тој беше шеф на пропаганда на терористичката организација, откако во јуни 2014 година објави дека ДАЕШ воспоставил калифат на просторот на Ирак и Сирија.
Пентагон во мај 2015 година понуди награда од пет милиони долари за оној кој ќе открие какви било информации кои би помогнале во апсењето на Ал-Аднани.