Tuzilaštvo BiH
22 Декември 2015•Ажурирај: 22 Декември 2015
САРАЕВО (АА) - По налог на обвинителот од Одделот за терирзам при Обвинителството на Босна и Херцеговина, на подрачјето на кантонот Сараево, се спроведува опсежна акција и борба против тероризмот која ја изведуваат полициски службеници на Федералната дирекција на полицијата со поддршка на партнерските полициски агенции и ОСА БиХ, а се прават претреси и лишувања од слобода на лица поврзани со ДАЕШ и радикални групи, јавува Anadolu Agency (AA).
Мета на активностите се околу 15 лица, за кои постојат сознанија и докази дека одржуваат контакти со радикални групи и структури на ДАЕШ, како и со структури поврзани со лица кои војуваат на војувалиштата низ Сирија и Ирак .
Се врши претрес на две места на верско собирање на радикални лица, како и во повеќе куќи и приватни објекти кои ги користат, соопштено е од Обвинителството на БиХ.
При претресите, пронајдени се одредени доказни материјали, кои укажуваат на поврзаност со структури на ДАЕШ.
"Важно е да се истакне дека претресите се вршат и во населбите во околното место Рајловац, каде пред два месеци се случи терористички напад во кој се убиени двајца војници на Оружените сили на БиХ. Босна и Херцеговина има капацитет да ги открие и процесуира лицата поврзани со тероризмот и радикалните групи, и дека заедно со полициските и безбедносните агенции во нашата земја, како и со партнерските агенции во странство, ќе ги преземе сите активности, со цел отстранување на сите терористички закани и опасност за граѓаните на Босна и Херцеговина", порачаа од Обвинителството на БиХ.
Наведените лица под истрага се поради казнените дела јавно поттикнување на терористички активности и врбување за терористички активности од членот 202а и 202б од КЗ на БиХ.