Hassan Isilow
30 Август 2016•Ажурирај: 31 Август 2016
ЈОХАНЕСБУРГ (АА) - Најмалку 15 лица загинаа откако силна експлозија денес погоди хотел во Могадишу, објави сомалиската официјална новинска агенција, јавува Anadolu Agency (AA).
Сомалиската меѓународна новинска агенција (СОНА) објави дека меѓу загинатите се наоѓале сомалиски војници и цивили.
Дваесет лица се сериозно повредени откако милитантите на Ал-Шабаб детонираа полн камион со експлозиви пред хотелот „SYL“ во кој се сместени неколку официјални претставници на владата и дипломати.
Хотелот е во близина на сомалиската претседателска палата.
Еден продавач во Могадишу за АА сведочи дека видел облаци чад во воздухот.
„Сцената беше страшна. Не знам кога ќе имаме мир во оваа земја?!“, вели Али Адхе од Могадишу, во телефонска изјава.
Напорите да се поврземе со локалната полиција беа залудни.
Милитантите на Ал Шабаб се поврзани со Ал Каеда во Сомалија во борбата за соборување на сомалиската Влада. Тие ја презедоа одговорноста за нападот врз „Радио Андалус“ блиско со Ал Шабаб.
Милитантите на Ал Шабаб изведоа неколку напади во Сомалија и во соседна Кенија, убивајќи стотици невини луѓе.