Felix Nkambeh Tih
15 Јануари 2016•Ажурирај: 16 Јануари 2016
НАЈРОБИ (АА) - Десетици кениски и сомалиски војници се сметаат за убиени откако милитантите на ал-Шабаб ја нападнаа воената база во сомалискиот главен град Могадишу, изјавија кениски воени извори, јавува Anadolu Agency (АА).
И портпаролот на кениските одбранбени сили, полковник Дејвид Обонио за АА го потврди инцидентот којшто се слиучи на 550 километри од кениската граница во населенето место Сил Чедо во Могадишу.
Обонио рече дека иако ал-Шабаб тврдат дека убиле кениски војници во нападот, нивните војници велат дека цел била базата на сомалиската Национална армија. Сепак, тој ниту потврди ниту демантираше дека се убиени кениски војници при нападот.
"Денес, 15-ти јануари 2016 година, во 4 часот изутрина милитантите на ал-Шабаб ја нападнаа базата сомалиската Национална армија, која е близу до базата на кениските одбранбени сили во Еладе, Сомалија", рече Обонио.
"Кампот на сомалиската Национална армија и на кениските трупи за одбрана под Афиканската унија на мисии во Африка, возвратиле на нападот; борбите сè уште траат и бројот на жртвите на двете страни сè уште не е познат, ќе дадеме дополнителни информации штом ги добиеме", додаде тој.
Жителите во тоа населено место на социјалните мрежи пишуваат дека сè уште слушаат спорадични пукотници во областа.
Ал-Шабаб и во минатото изведувале бројни напади врз базите на мировните мисии на Африканската унија во Сомалија.