Ekipa
29 Февруари 2016•Ажурирај: 02 Март 2016
НАЈРОБИ (АА) - Кениските власти оформија истражувачки тим за потрага за два лава кои го напуштиле просторот на националниот парк во Најроби во близина на населениот дел на градот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Лавовите ги забележал локален жител.
Иако се испитува точноста на информациите, полицискиот истражувачки тим патролира со цел животните да се пронајдат пред да стигнат до градското подрачје.
Полицијата претпоставува дека два лава заталкале и се исклучиле од групата од вкупно шест лавови кои пред помалку од еден месец го напуштиле шумскиот дел на националниот парк. Тој се наоѓа на оддалеченост од само шест километри од Најроби.