Ömer Erdem
13 февруари 2019•Ажурирај: 13 февруари 2019
КАРТУМ (АА) - Во близина на градот Керичо, северозападно од Најроби, главниот град на Кенија, животот го загубија 5 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Нема преживеани во авионската несреќа што се случи во шумскиот предел Макутано, во подрачјето на населеното место Лондиани, западно од долината Рифт. Авионот летал од местото Ол Киомбо, во Националниот резерват „Масаи Мара“, кон Лодвара во местото Туркана.
Полицијата на Кенија соопшти дека во авионот од типот „Цесна 206-5Ј BSE“ се наоѓале 5 лица, 3 мажи и 2 жени, од кои 4 лица биле странски државјани.
Полицијата и спасувачките екипи пристигнале на местото на несреќата, започнувајќи истрага за откривање на причините за несреќата.