Dejan Maksimoviç
16 Април 2016•Ажурирај: 17 Април 2016
САРАЕВО (АА) - Победник на 29-от по ред белградски маратон е кенискиот атлетичар Кибет Роп Абел кој низ целната рамнина помина во време од 2:23,58 часа, јавува Anadolu Agency (AA).
Второто место го зема Кениецот Кипрут Кибире Мозес, додека трет беше Унгарецот Хаги Тамасц. Се трчаше и полумаратон во кој победата ја однесе Дарко Живановиќ во машката и Слаѓана Перуновиќ во женската конкуренција.
Во традиционалната "Трка на задоволство", учествуваа околу 20.000 луѓе.
Овогодинешната трка во главниот град на Србија ќе остане запамтена како рекордна, бидејќи во неа учествуваа 5.800 тркачи од 60 различни земји.
Промотор на овогодинешниот белградски маратон беше легендарниот кубански скокач во вис Хaвиер Сотомајор, кој по трката најави дека ќе отиде да го гледа градското дерби помеѓу Црвена ѕвезда и Партизан со почеток од 18 часот на стадионот Рајко Митиќ.