Recep Canik
13 Ноември 2016•Ажурирај: 14 Ноември 2016
НАЈРОБИ (АА) - Како резултат на сушата крајбрежниот кениски регион Килифи се соочува со недостиг на вода, каде што околу 300.000 што живеат во селата се гладни и страдаат од недостаток на вода, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставникот на Унијата на Муслиманите во Кенија во покраината Килифи, Рашид Мухамед, во изјава за АА рече дека во регионот не паднало дожд веќе 6 месеци и дека околу 300 илјади селани се во тешка состојба поради немањето вода за пиење.
И претседателот на локалната зедница на селото Мирихини, Франсис Макубо, рече дека селаните се гладни и дека оваа година поради долгиот сушен период не останала чиста вода за пиење.
Макубо истакна дека поради исушувањето на пасиштата многу животни изумреле и оти голем број семејства поради сушата се принудени да емигрираат.
Килифи се наоѓа на оддалеченост од 700 километри од главниот град Најроби. На селаните, освен неколкумина добротворци, никој друг не им помага.
Суфјан Хан (28), Авганистанец којшто живее во Кенија, шетајќи низ селата зафатени од суша на секаков начин се обидува да дистрибуира вода.
„Секоја година овој регион е погоден од сушата. Животите на луѓето што живеат тука зависат од дождовницата. Луѓето ја користат водата од дождот којашто ја собрале во браните. Но кога не врне неколку месеци сушата повторно почнува да го зема својот замав“ рече Суфјан во разговор за АА.
Тој истакна дека географските услови го отежнуваат отворањето бунари за вода. Бидејќи водата се наоѓа на голема длабочина, отворањето на бунари чини многу, а селаните немаат можност да ги соберат средствата.
Суфјан рече дека во селата каде што нема вода во мали контејнери им носи вода, но дека тоа е само привремено решение.
- Цената на еден резервоар со вода 150 долари -
Поради неможноста на кениската влада да донесе вода во регионот, од страна на доброволци неколкупати во неделата им се носи вода на селаните. На одредените пунктови каде што се дистрибуира водата цената на еден резервоар изнесува 150 долари.
Мајката на четири деца Гладиас Кавада, којшто за еден сад со вода пешачи по 15 километри, рече дека поради немањето вода, нема можност дома да готви храна.
И другите селани како Гладиас се приморани со часови да чекаат ред за вода.
Според податоците на Центарот за управување со суши во Кенија (НДМА) се претпоставува дека пасиштата во провинциите Гариса, Нарок и Тана Ривер ќе се исушат за помалку од еден месец.
Покрај животните кои поради сушата изумираат, уништени се и растителните култури на полињата.
Земјоделството е најважниот извор на храна и приходи за селаните. Тие се обидуваат од другите села да обезбедат храна за своите животни.
Во извештајот на НДМА којшто се објави овој месец се вели дека околу 1,3 милиони луѓе соочуваат со заканата од глад.