Büşra Akın Dinçer
13 Ноември 2016•Ажурирај: 14 Ноември 2016
ЛОНДОН (АА) - Во знак на сеќавање на сите жртви од двете светски војни и подоцнежните судири, денес ширум Велика Британија се одбележува Неделата на сеќавањето, јавуава Anadolu Agency (AA).
Во 11 часот по локално време, ширум Велика Британија со двеминутно молчење е одадена чест на жртвите од двете светски војни, а централната манифестација се одржа покрај споменикот Кенотаф во Лондон, каде што ваквите настани се одржуваат веќе девет децении.
Во чест на жртвите од изминатите и тековните судири во светот присуствуваше државниот и воен врв на Велика Британија, а венец на споменикот Кенотаф прва положи британската кралица Елизабета Втора.
Венци положија и британската премиерка Тереза Меј, шефот на британската дипломатија, Борис Џонсон и лидерот на Лабуристичката партија, Џереми Корбин.
Оваа година комеморацијата за жртвите се совпаѓа со одбележувањето на стогодишнината од Првата светска војна.