Ekipa
13 Ноември 2016•Ажурирај: 13 Ноември 2016
БУЕНОС АИРЕС (АА) - Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала го погоди североисточниот дел на Аргентина, пренесува Anadolu Agency (AA).
Земјотресот се случил во 8.00 часот по локално време, а епицентарот на земјотресот бил на 26 километри североисточно од Чилецито во провинцијата Ла Риоха, во близина на границата со Чиле.
Земјотресот се случил на длабочина од 100 километри, а во моментов нема информации за жртви, ниту за причинета материјална штета.