Gökhan Kurtaran
13 Ноември 2016•Ажурирај: 14 Ноември 2016
ЛОНДОН (AA) – Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг смета дека е потребно да продолжи партнерството помеѓу САД и Европската унија (ЕУ) пред безбедносните закани и дека „не е опција да се продолжи сам", јавува Anadolu Agency (AA).
„Се соочуваме со најголемите безбедносни предизвици во генерација. Моментално не е време да се испитува вредноста на партнерството на Европа и САД", истакна Столтенберг, пренесува „Гардијан".
Тој истакнува дека е важна досегашната соработка помеѓу САД и ЕУ, но дека треба и да се интензивира.
„Во ова неизвесно време, потребно ни е силно американско водство. Треба некој на праведен начин да го подели теренот на Европјаните. Но уште поважно, треба да бидеме свесни за важноста на соработката на Европа и Америка. Наместо да ги продлабочуваме разликите, треба да го јакнеме она што спојува", смета Столтенберг.