Amina Zorniç
16 Мај 2016•Ажурирај: 17 Мај 2016
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Владата на Индија започна нова програма за пренасочување на водата од реките за снабдување со вода на околу 330 милиони луѓе погодени од најголемата суша што досега ја има погодено оваа јужно-азиска земја, пренесува Anadolu Agency (AA).
По две последователни и екстремно сиромашни монсунски сезони, Индија се соочува со катастрофални суши и со температури повисоки од 40 степени целзиусови.
Од своите 29 држави, суша пријавиле половина од нив, а најлоша е ситуацијата во Махараштра, Утар Прадеш и Мадја Прадеш.
Федералната влада во Њу Делхи испрати возови со вода во најтешко погодените места.
Министерот за водни ресурси, Ума Бхарати, изјави дека на владата и е приоритет трансферот на вода од големите реки како што се Ганг и Брамапутра. Исто така, се планира изградба на објект за вода за пиење на брегот на реката.
Според индискиот министер, тоа е прв проект од ваков вид во историјата на Индија од независноста во 1947 година.