Sarp Özer,Kemal Karadağ
02 Јуни 2016•Ажурирај: 02 Јуни 2016
НАЈРОБИ (АА) - Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган претседателот на Кенија Ухуру Кенјата на денешната прес-конференција изјавија дека за мигрантите и бегалската криза длабоко влијаеле на сите, јавува Anadolu Agency (AA).
„На овој свет правдата, не е само за 5 до 10 земји, таа и е потребна на целото човештво. Турција тоа го спроведува во Сирија, Ирак, Либија, Сомалија и во другите кризни региони. За стабилноста во Источна Африја, Турција е подготвена да соработува со Кенија и да ги сподели своите искуства“ , рече Ердоган.
Потребно е да се елиминираат причините за принудно раселување, истакна претседателот Ердоган и додаде:
„Во врска со состојбата во Сирија зборував со лидерите на најразвиените земји. ‘Дојдете во Сирија, на северот од државата да формираме слободна зона. Во исто време оваа зона нека биде забранета за летови. Бидејќи овие луѓе треба да се ослободат од стравот и од шаторит во кои се сместени. Да ги спасиме од давење во Егејското Море и Медитеранското Море.’ Сите го рекоа следното: ‘Се е тоа убаво, но како тоа ќе го браниме.’ Кипар го поделивте на два дела, прогласивте зелена зона. На ист начин со прогласување зони го решивте проблемот меѓу Мексико и САД. Како тоа го изведовте таму, истото спроведето го и тука. Проблемот е друго. Затоа правдата на овој свет, покрај за 5-10 земји, потребна му е на целото човештво. Турција тоа го спроведува во Сирија, Ирак,Либија, Сомалија и во дреугите кризни региони. За стабилноста во Источна Африја, Турција е подготвена да соработува со Кенија и да ги сподели своите искуства.“
- „Напишавте вистинска приказна за успех“
Претседателот на Турција, Ердоган истакна дека во канцеларијата на ТИКА во Најроби спровела важни проекти од областа на образованието, здравството, руралниот развој, стручна обука на жените и младите.
Ердоган потсети дека пред две недели областа на Каџиадо била опфатена од катастрофална поплава, и дека тој планира во шест провинции во Кенија да додели гранд за трактори со што би се овозможил развој на овие рурални области.
„Вие, од вашата независност досега, веќе половина век напишавте една вистинска успешна приказа и на полето на социјалниот мир и на полето на развој. Како што рекол оснивачот на Кенија, Џомо Кенјата, треба да се фокусираме на иднината, без да заглавуваме со пресметки од минатото."
Визионерски став на Џомо Кенјата го направи споменик на стабилност и доверба на Кенија, истакна Ердоган, додавајќи дека Кенија ја очекува подобра иднината и смета дека во остварување на идеалите, претседателот Ухуру Кенјата ќе одигра многу важна улога.