Ekipa
11 Декември 2016•Ажурирај: 12 Декември 2016
НАЈВАША (АА) - Најмалку 33 лица загинаа, а 10 се повредени во експлозија на голема цистерна на периферијата на главниот кениски град Најроби, пренесува Anadolu Agency (AA).
Цистерната којашто пренесувала плин изгубила контрола додека се движела низ надолната прометната улица, откако се судрила со друго возило.
При судирот одекна експлозија, а изби и пожар.
Според првите податоци целосно изгореа 11 возила.
Спасувачките екипи сè уште се на местото на несреќата, а тамошните власти очекуваат дека бројот на жртвите би можел да се зголеми.