Ayşe Hümeyra Atılgan
11 Декември 2016•Ажурирај: 11 Декември 2016
БУКУРЕШТ (АА) - Гласањето за парламентарните избори во Романија започна денес, јавува Anadolu Agency (AA).
Околу 8,8 милиони луѓе со право на глас ќе ги бираат членовите на Парламентот, откако привремена Влада од технократи ја водеше земјата повеќе од една година.
За новиот мандат на Парламентот ќе бидат избрани вкупно 330 пратеници и 136 сенатори.
Анкетата на јавно мислење покажа дека централно-левичарската Социјалдемократска партија (PSD) е фаворит на денешните избори. Претходната влада на ПСД даде оставка неколку дена по пожарот во октомври 2015 година во кој загинаа 64 лица.