?????
16 Јануари 2016•Ажурирај: 17 Јануари 2016
БУКУРЕШТ (АА) - Припадници на романските гранични служби пресретнале група од 60 мигранти кои се осомничени за обид за илегално влегување во Романија, преку југозападната граница со Србија, јавува Anadolu Agency (AA).
Роксана Костаче, портпаролката на романската полиција изјави дека мигрантите се мажи на возраст од 20 до 40 години од Пакистан, Ирак, Авганстан, Сомалија и Мароко.
Граничната полиција ги открила рано утринава користејќи опрема со топлотни сензори. Мигрантите се однесени во полициската станица во градот Џимболија каде што ќе бидат испитани.
Досега, мигрантите од Африка, Азија и од Блискиот Исток ја заобиколуваа Романија при својот пат кон земјите од Европската унија.
Ова е прв случај голема група луѓе да се обиде илегално да влезе во Романија.