Amina Zorniç
14 Јануари 2016•Ажурирај: 15 Јануари 2016
ЏАКАРТА (АА) - Индонезиската полиција соопшти дека ситуацијата во Џакарта, по терористичките напади ова утро е ставена под контрола, и дека во овие напади загинаа седум лица, меѓу кои и двајца цивили и петмина терористи, јавува Anadolu Agency (АА).
Портпаролот на полицијата Мохамед Икбал изјави дека полицијата воспоставилa контрола во улицата Тхамрин и околу трговскиот центар Саринах во Џакарта откако сите пет терористи се "неутрализирани".
Станува збор за центарот на Џакарта, каде што има неколку амбасади.
Првата експлозија се случи утрово во близина на полициски контролен пункт каде што двајца цивили се убиени и тешко повреден еден полицаец.
Вториот напад од страна на вооружените терористи го извршија кај театарската зграда, каде што беа повредени најмалку пет цивили, изјави портпаролот на полицијата Мохамед Икбал
Икбал, рече дека ова утро, локалните медиуми објавија дека во другите места во Џакарта се случија неколку напади, но тоа не е точно.
Индонезискиот министер за безбедност изјави дека меѓу двајцата цивили кои загинаа еден е холандски државјанин. Безбедносните сили ги преземаат максимални мерки и ја блокираа областа во која една група од пет терористи рано утрово изврши терористички напад.
Паралелно со ова, портпаролот на индонезиската безбедносните сили рече дека случајот од утринава е многу сличен на терористичките напади во Париз и дека зад тоа, најверојатно, е терористичка организација ДАЕШ.
Тој додаде дека индонезиските разузнавачи во ноември минатата година предупредија на заканата од ДАЕШ.
Претседателот на Индонезија го осуди нападот и го нарече "терористички акт", за кој досега никој не ја презеде одговорноста.
Индонезија и во минатото била цел на терористичките напади од страна на радикални групи.
Една од најтрагичните беше од 2002 година, кога во Бали беа убиени 202 лица. Кон крајот на минатата година, индонезиската полиција уапси повеќе од 20 лица осомничени за врски со ДАЕШ.