БЕЛГРАД (AA) – Со доаѓањето на зимата се зголемуваат проблемите на бегалците од Блискиот исток во Србија, од кои многумина своето време во оваа земја го поминуваат во парковите кај автобуската станица во главниот град. Бегајќи од дожд, ладното време, спијат во напуштени згради во близина или во наткриени паркинзи. Во парковите во Белград моментално се наоѓаат мигранти кои во најголем број се од Авганистан, потоа од Авганистан, потоа од Пакистан, Алжир, Сирија, Мароко, Иран и Ирак, а поголемиот прој од нив се малолетни и без придружба.
Преку ден имаа можност да одат до центарот „Миксалиште", каде можат да се згрејат во затворен простор. Исто така, не е мал и бројот на оние кои одат во Бајракли џамијата за да ги извршуваат молитвите, а највеќе ги има во петок за време на петочната молитва (џума).
Координаторот во дневниот центар „Миксалиште" Урош Босиљчиќ за Аnadolu Аgency (AA) рече дека бројките на бегалците кои кај нив доаѓаат да бараат помош се менуваат секојдневно, како и дека во просек поминуваат околу 250 и 500 луѓе дневно, а тука првенствено спаѓаат малолетни лица без придружба и семејства.
„Пред неколку дена имавме голем проблем, бидејќи останавме единствени на теренот кои вршеа дистрибуција на храна и гардероба така да имавме преку 1.500 луѓе на ден и тоа траеше неколку дена", рече Босиљчиќ и додаде дека моментално ја запреле дистрибуцијата на храна бидејќќи немаат капацитети за толку луѓе.
Во Миксалиште предност имаат семејствата со деца, жени и малолетни лица, а во текот од девет часот наутро до 16, бегалците кај нив можат да добијат храна, облека, простор за различни активности.
„Во четири часот ние затвораме, тогаш многу нив се враќа во парк или напуштените згради во кои живеаат, а некои од нив одат во кампот", рече Босиљчиќ и додаде дека исто така пружааат и медицински услуги во докторска ординација во центар и тоа на сите, дури и на полнолетните лица.
„Семејствата кои патуваат се во нормална здравствена состојба, некогаш доаѓаат извалкани.Моментално, најчеста болест која многу брзо се шири меѓу нив се телесните вошки и шугата, а од повредите се различни физички повреди, кои им ги нанела граничната полиција. На некои Унгарската, на некои Бугарската. Оние кои се принудени да се вратат доаѓаат искасани од кучињата, удрени, доаѓаат во очајна состохба, во многу полоша отколку кога дојдоа од бугарската граница во Белград", раскажа Босиљчиќ.
Еден број бегалци веднаш се снаоѓа и тие својот пат го продолжуваат многу бргу, додека знае да се слуши да останат и по месец и пол дена, односно три, четири месеци. Избегнуваат регистрација и се наоѓаат во парковите кај автобуската станица, бидејќи се плашат дека доколку бидат регистрирани, нема да можат да одат понатаму, во некоја од земјтие на ЕУ што им е крајна цел.
Шеснаесетгодишниот Авганистанец Инзад дошол пред шест месеци во Србија, а времето го поминувал во парк кај автобуска станица, спиејќи на паркинг. Се обидел да оди во Унгарија, но вчера е вратен од границата и со автобус повторно дошол во паркот во Белград.
„Многу сум изморен. Кога стасав на границата полицијата ми рече дека морам да се вратам во Србија, но кога се вратив, немаше соба во кампот, купивме карти за автобус и се вративме во парк. Поминував низ шума кон границата и нешто ме касна таму. Унгарската полиција ме тепаше и пушти кучиња на мене, но не ме искасаа, успеав да им избегам", рече Инзад за АА.
Запрашан дали за шест месеци се обидел да остане во некој од прифатните центри во Србија, рече дека се обидувам, но дека во центрите му рекле дека не може да остане, бидејќи предност имаат Пакистанците, Иранците, Ирачаните, Сиријците, како и дека кога рекол дека е Авганистанец не му дозволиле да остане.
„Времето го поминуваме тука во Миксалиште, тешко ни е. Понекогаш ќе купиме некој хамбургер, има луѓе и од Србија кои понекогаш ни помагаат и ни даваат храна. Тешо се снаоѓам за гардероба, некогаш ни даваат, неогаш не и тоа е еден од поголемите проблеми. Користам исти панталони последни три месеци, неиспрани", рече Инзад и додаде дека плановите му се да го продолжи својот пат во некоја од земјите на Европа.
Ебит Ханан (24) од Авганистан, во Србија е месец и пол дена, а за АА рече дека моментално има многу бегалци, негови земјаци, кои се принудени да престојуваат во парковите и дека со оглед на се поладното време кое доаѓа,немаат услови за опстанок на отворено.
„Имаме проблеми со храната, облеката, немаме ништо за јадење. Во паркот тешко можеме да набавиме храна, можеме да купиме грана и останати работи, но тешко е да се купува секој ден. Понекогаш ни помагаат луѓето од Србија, ни даваат храна, облека, понекогаш не, но не можеме да направиме ништо, бидејќи ние сме тука илегално и сакаме да одиме понатаму", рече Ханан.
Повтори дека и без оглед на регистрацијата во полиција, во центрите се последдните кои можат да останат и сите други имаат предност. Истакнувајќи дека повеќето меѓу нив се малолетни, Ханан рече дека од голема помош би им било да ги отворат границите и да ги пуштат непречено да одат кон земјите на ЕУ.
„Не се обидував да одам за Унгарија. Слушнав од пријателите кои се обидувале дека полицијата ги малтретирала а кога ќе се обидете да избегате од нив, тие пуштаат кучиња. Затоа не сакам за сега да одам таму. Би сакал да одам во Европа, Франција, Австрија, затоа што животот таму е добар", заклучи Ханан.
Според последните податоци на Комесаријатот за бегалци и миграции на Република Србија во центрите , кои се под нивна надлежност, моментално се сместени 4.690 мигранти, кои се регистирани, додека вкупниот капацитет им е за околу шест илјади кревети.
„Константно работитме на унапредување на квалитетот на сместувањето за да можеме подготвени да ја дочекаме зимата", рече за АА Иван Мишковиќ, консултант за односи со јавноста на Комесаријатот.
Како што наведуваат од УНХЦР во Белград, во текот на изминатите месеци бројот на новите бегалци, мигранти и баратели на азил во Србија се стабилизира и се движи околу шест илјади на дневно ниво, од кои 80% од нив се сместени во центрите кои ги обезбедува државата Србија.
Министерот за труд, вработување, боречки и социјални прашања во Владата на Србија Александар Вулин вчера рече дека капацитетите за прифаќање на бегалците во Србија нема да се зголемуваат, бидејќи во Србија се наоѓаат моментално околу 6 илјади мигранти што е во согласност со капацитетите.
Тој додаде и дека доколку се намали бројот на оние кои можат да ја напуштат земјата, ќе се намалува и бројката на оние мигранти кои можат да влезат во Србија.