Adem Şalvarcıoğlu
19 Октомври 2016•Ажурирај: 20 Октомври 2016
ЏАКАРТА (АА) - Жителите на Џакарта во Индонезија ќе добијат по 1,5 долар за секој фатен стаорец, јавува Anadolu Agency (AA).
Подрачјето на Џакарта започна проект за отстранување на стаорците од градот.
Гувернерот на Џакарта, Басуки Тјахаја Пурнама, истакнува дека целта на проектот е да се исчисти градот од стаорците, коишто предизвикуваат многу болести, но и создаваат лоша слика за градот.
„Голем број болести во Џакарта се предизвикани од вируси што ги пренесуваат стаорците. Мислам дека нашето Министерство за здравство ќе го поддржи овој проект“, изјави Пурнама.
Во Џакарта живеат околу десет милиони луѓе и еден од најголемите проблеми на градот е наглиот пораст на бројот на стаорци, кои се преносители на различни болести.