Mahmut Atanur
11 Мај 2018•Ажурирај: 12 Мај 2018
ЏАКАРТА (АА) - Вулканот Мерапи во индонезиската покраина Централна Јава почна да исфрла пепел и чад, јавува Anadolu Agency (AA).
Индонезискиот Центар за вулканологија и ублажување на геолошките опасности (PVMBG) соопшти дека вулканот, кој се наоѓа во градот Јогјакарта, почнал да исфрла чад и пепел на височина од 5.500 метри.
Наведено е дека е започната евакуација на населението во радиус од пет километри околу вулканот. Големите количини чад негативно влијаат и на воздушниот сообраќај, поради што аеродромот „Адисутџипо“ привремено е затворен.
Вулканот Мерапи на островот Јава е висок 2.968 метри, а кога исфрли лава во 2010 година загинаа 347 луѓе.
На територијата на Индонезија се наоѓаат 130 активни вулкани.