?????
05 Февруари 2016•Ажурирај: 06 Февруари 2016
ТОКИО (АА) - Вулканот Сакурајима, на јужниот јапонски остров Кјушу, започна денес, исфрлајќи лава и густ црн чад, соопшти Јапонската метеоролошка агенција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Ерупцијата на еден од најпознатите вулкани во Јапонија започна во 7:00 часот по локално време, а како што пренесоа јапонските медиуми, вулканот успеа да приреди вистински спектакл, исфрлајќи лава, чад и пепел во воздух со искрење слично на молња.
„Иако драматична, ова е една од просечните ерупции на тој вулкан”, рече вулканологот Казуиро Ишихара, од Универзитетот во Кјото.
Метеоролошката агенција забрани пристап до вулканот во пречник од два километри, а издадено е предупредување за вулкански камења и облаци чад во радиус од два километри.
Кога од 1955 година започна со исфрлање на лава, вулканот Сакурајима е еден од најатрактивните во Јапонија. Последната ерупција на овој вулкан се случи во септември минатата година.
Јапонскиот архипелаг се наоѓа во пацифичкиот „Огнен појас” и има над 100 вулкани. Ерупцијата на вулканот Онтаке, која се случи во 2014 година во централниот дел на Јапонија, усмрти 57 лица.