Mahmut Atanur
21 Декември 2019•Ажурирај: 21 Декември 2019
ЏАКАРТА
Во индонезиските провинции Западна Суматра и Риау поројните врнежи од дожд предизвикаа поплави и свлечишта во кои животот го загубија 7 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Локалните медиуми објавија дека во провинциите Западна Суматра и Риау поројните врнежи од дожд предизвикале поплави и свлечишта во 17 региони.
Властите соопштија дека во поплавите и свлечиштата животот го загубиле 7 лица, а најмалку 70.000 лица се погодени од природните катастрофи.
Претставниците на власта, покрај тоа информираа дека во провинцијата Риау до 31 декември е прогласена вонредна состојба.
Во Индонезија која се наоѓа во екваторскиот појас, поплавите и свлечиштата, како резултат на поројните дождови се честа појава во текот на целата година.