Mohamed Sabry Emam Muhammed
24 Април 2016•Ажурирај: 25 Април 2016
БАГДАД (АА) - Најмалку 20 лица загинаа, а 50 се повредени во серијата бомбашки напади во главниот ирачки град Багдад, јавува Anadolu Agency (АА).
Трагичниот напад се случи синоќа, кога автомобил-бомба експлодира на воен контролен пункт во северниот дел на Багдад. Во моќната експлозија загинаа најмалку десет лица, а најмалку 29 лица се повредени.
Неименуван претставник за безбедност за АА изјави дека во центарот на Багдад, синоќа одекнаа пет експлозии во кои загинаа најмалку шест, а беше повредено 21 лице.
Истиот извор јавува дека во источниот дел на Багдад се пронајдени безживотните тела на четири лица. На телата биле пронајдени прострелни рани од огнено оружје, но исто така и знаци на измачување.
Досега никој не ја презеде одговорноста за нападите во Багдад.